Пендаровски: Рејтингот на Борисов и Каракачанов се зголеми, ваквото однесување кон Македонија и тоа како им се исплати

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Најновите анкети пред изборите во Бугарија покажуваат дека партиите на власт во Бугарија имаат зголемување на рејтингот откако започна негативната реторика кон Македонија, изјави претседателот на државава, Стево Пендаровски на гостувањето во Сител.

– Анкетите покажуваат 7 процентни поени зголемување на рејтингот изминатите месец и половина на ГЕРБ на Бојко Борисов поради ова јуначење, а партијата на Красимир Каракачанов има двојно поголем рејтинг. Ваквото однесување и тоа како им се исплати. Политичката логика е дека тие ќе се обидат максимално да го искористат до изборите, смета Пендаровски.

Посочи и дека ако се сака да се дојде до решение, двете страни мора да испраќаат меки пораки.

-Имаме уште два дена, но од она што се знае, пробив нема. За некое прашање ако сакате да се најде решение двете страни мора да одат со меки пораки. Ако бугарската страна оди со агресивни пораки како што оди, тогаш договор нема да има, додаде тој.