Пендаровски: С. Македонија придава големо значење на соработката со УНЕСКО

од Nikola Popovski
145 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во организацијата, како и за можностите за нејзино проширување преку реализација на проекти од областите на културата, образованието, науката, животната средина, информатичко- комуникациските технологии, програмите за млади, граѓанското општество и човековите права.

Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава придава големо значење на соработката со УНЕСКО, ги промовира и учествува во нејзините активности и иницијативи, а реализира активна и конструктивна соработка со другите држави членки на оваа организација.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на генералната директорка Азуле што УНЕСКО го препозна значењето на македонскиот поет Ацо Шопов и се вклучи во одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање, оценувајќи го како признание за вредностите што Шопов ги промовирал преку неговото богато творештво.

Слични содржини