Пендаровски се надева дека Франција ќе да даде суштински придонес за побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Рене Троказ, специјален пратеник за Западен Балкан на Француската Република.

Соговорниците разговараа за актуелните состојби во државата, како и следните фази кои треба да се комплетираат како дел од процесот за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На средбата стана збор и за односите со соседството и регионот на Западен Балкан во контекст на евроинтеграциите, како и за процесот на проширување на Европската Унија, при што двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите и перспективите на земјите во регионот во поширокиот геополитички и безбедносен контекст.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за француската поддршка и експертиза која ја добиваме во евроинтегративниот процес и изрази очекување од Франција, како еден од столбовите на Европската Унија, со својата поддршка, да даде суштински придонес за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

На средбата се констатираше дека македонско-француските односи се темелат на традиционално пријателство и меѓусебно разбирање и почитување.

Слични содржини