Претседателот Стево Пендаровски денеска во Небрегово ja посети Спомен-куќата на Блаже Конески и се обрати на завршниот настан на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.
„Сето е предвидено – ние си одиме, а земјата останува.“ – Блаже Конески.Домот на македонскиот великан во Небрегово, ден денес го чува духот на личноста која е парадигма за нашата национална еманципација и прогресивност. Да се спротивставиме на културата на заборав. Да најдеме начин да го оживееме повторно. Новите генерации да имаат каде да се навраќаат.„2021 – Година во чест на Блаже Конески“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.