Пендаровски се сретна со Матерела: С. Македонија ја цени конструктивната и безрезервна поддршка од Италија

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски оствари средба со неговиот италијански колега, Серџо Матарела во Рим.

„На претседателот Серџо Матарела му пренесов дека Северна Македонија ја цени конструктивната и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во EУ.

Нашите две земји ги поврзува традиционално пријателство. Го продолжуваме политичкиот дијалог и ја унапредуваме билатералната соработка во сите области од заеднички интерес“, сподели Пендаровски на својот Фејсбук профил.