Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави фотографии од тетовската населба Колтук, каде јавно го пофали храбриот подвиг на младиот Мартин Малетиќ, кој му го спасил животот на соседот.
„Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед. Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит“, вели Пендаровски.