Пендаровски-Селаковиќ: Продолжува соработката во рамки на регионалните иницијативи

од Берта Китинска
180 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Беа реафирмирани добрите билатерални односи, коишто ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес. Претседателот Пендаровски посочи на блиската соработка меѓу двете држави во контекст на пандемијата на Ковид-19, како пример за високиот степен на развој на билатералните односи.

На средбата беше констатирана потребата за натамошното искористување на потенцијалите за развој на односите во сите области од заемен интерес, вклучувајќи ја економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и соработката во рамки на регионалните иницијативи.