Пендаровски: Словенија не е Португалија, таа е најдобар адвокат на земјите од Западен Балкан

од Берта Китинска
218 прегледи

Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски  смета дека Словенија  со своето претседателство со ЕУ ќе се заложи за деблокада на евроинтеграцискиот процес.

„Немојте да имате дилеми. Словенија не е Португалија, таа е најдобар адвокат на земјите од Западен Балкан. Словенечките политичари најдобро го познаваат нашиот регион. Не постои друга држава која имала поблиски односи со земјите од Западен Балкан. Наскоро ќе имама средба со словенечкиот претседател Борут Пахор и уште еднаш ќе имаме можност да ги утврдиме линиите. Но, јасно е дека лавовскиот дел од работата ќе треба да го завршат Скопје и Софија“, рече Пендаровски.