Пендаровски со честитка по повод денот на Ромите: Го градиме соживотот со взаемната почит

од Берта Китинска
98 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Македонија oценувајќи дека тоа е еден од најзначајните датуми во ромската историја кога на Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон, ромските активисти од Европа го потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Горди сме на вашиот придонес во градењето на мултикултурниот мозаик на нашата заедничка татковина, вели Пендаровски.

-Пред нас претстои помалку од една деценија за спроведување на новата Стратегија за инклузија на Ромите во која наша заедничка задача е да создадеме инклузивно општество преку остварување на конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, домувањето, здравството, културата, борбата против дискриминацијата и намалувањето на сиромаштијата. Во овие кризни периоди од здравствен и економски аспект потребно е сите засегнати страни соодветно да ги искористиме капацитетите, ресурсите и надлежностите за да ги надминеме диспропорционалните разлики и децениските проблеми, како предуслов за просперитетна и сигурна иднина.Од исклучителна важност е учеството на ромската заедница како и сите останати заедници, во општествениот, политичкиот и културниот живот на државата. Да продолжиме заеднички да градиме соживот во духот на взаемната почит, солидарноста и пријателството.Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!, вели Пендаровски.