Денеска со моето семејство ја исполнивме нашата граѓанска должност. Внесот на податоците потребни за Попис 2021 не одзема повеќе од 15-тина минути, напиша на својот Фејсбук,претседателот Стево Пендаровски.
-Со попишувачите поразговаравме и за досегашниот тек на процесот, за одѕивот и за реакциите на граѓаните. Потребни ни се податоците од оваа статистичка операција од секој аспект. Ќе ни дадат насока за планирање на идните политики и стратегии. Попис 2021, вели Пендаровски.