Пендаровски со реакција до ЈОРСМ: Немам намера да ги напаѓам надлежните институции и да се мешам во кривични постапки коишто се во тек

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски излезе со реакција на соопштението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во кое се вели дека „не е време за напади на институциите“, и се додава „дека нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите“.

„Во обраќањето на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ немам направено дискредитација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.

Потенцирам дека во своето обраќање изразив целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакнав дека ќе сторам се, за да ги заштитам од евентуални притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“.

Уште еднаш укажувам дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност“, се вели во реакцијата на Пендаровски.