Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази најдлабоко сочувство после смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.
-Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, порача Пендаровски.
Елизабета Втора почина во замокот Балморал на 96-годишна возраст. Веста ја потврди кралското семејство.
Престојот на кралицата Елизабета на тронот 70 години го одбележаа и низа геополитички настани, почетокот и крајот на Студената војна, формирањето на Европската унија и излегувањето на самото Обединето Кралство од неа.
Елизабета уживаше голема популарност меѓу нејзините поданици. Таа беше најпопуларниот член на кралското семејство, а единствените членови попопуларни од неа, некогаш беа Дијана, принцезата од Велс и нејзиниот внук, принцот Вилијам.