Пендаровски утре ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски утре за првпат ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од државата.

„Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, претседателот Пендаровски ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Северна Македонија, признание кое за прв пат ќе се додели во нашата држава, а кое следува по донесената одлука на претседателот Пендаровски за описот, изгледот и материјалите од кои се изработува Медалот, врз основа на Законот за одликувања и признанија“, информираат од Кабинетот на претседателот.

Одликувањето ќе биде во рамки на одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата. По одликувањето, најавено е обраќање на претседателот Пендаровски.

Слични содржини