Пендаровски ужива најголема доверба, Груевски е втор – покажува анкетата на ИРИ

од Nikola Popovski
346 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски со 12% целосна и 26% делумна доверба меѓу граѓаните е политичарот на кого најмногу му се верува во моментов, покажува објавената анкета на ИРИ (Меѓународниот републикански институт).

Интересно е што на второ место е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство и доби азил во Будимпешта. Груевски ужива целосна доверба од 11%, а делумна од 19% од граѓаните.

Понатаму според објавеното, следуваат лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, претседателката на ЛДП, Моника Зајкова и лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев.

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од БРИМА, фирма за истражување на пазарот (членка на групацијата КАНТАР). Податоците се собрани од 8 април до 4 мај 2023, со метод интервјуа лице-в-лице во домовите на испитаниците.

Слични содржини