Пендаровски: Вархеји и Силва донесоа нон-пејпер, кој е рана фаза за решение

од Nikola Popovski
352 прегледи

„Станува збор за иницијален сет на идеи што го донесоа Вархеји и Силва, поточно кажано вид на нон-пејпер“, изјави претседателот Стево Пендаровски за емисијата „360“.

Според него, тоа било страна и пол, во која стоеле загриженостите од македонската и бугарската страна.

„„Никој не очекува дека ќе се решат спорните прашања за недела или две, дури ни португалското претседателство кое се приближува кон крајот на нивното претседавање. Силва изјави дека до 22 јуни очекуваат од бугарската страна да кажат „да“ за преговарачката рамка или да кажат повеќе за сетот идеи. Не знаеме дали е отфрлен од Софија, иако некои бугарски медиуми ретерираа дека се уште не е отфрлен, според изјавите на нивниот ресорен министер за надворешни работи. Ние не го отфрливме исто така, иако јас ќе кажам дека ова е рана фаза дека овој документ е основа за решение на спорот со Бугарија“, истакнува Пендаровски.

Слични содржини