Пендаровски – Вархеји: С. Македонија и Бугарија да најдат заемно прифатливо решение за билатералните прашања

од Nikola Popovski

„Дискутиравме за поддршката за официјално започнување на пристапните преговори на С. Македонија и потребата Советот на ЕУ да се согласи за преговарачката рамка. Важно е Северна Македонија и Бугарија да најдат заемно прифатливо решение за билатералните прашања“, објави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Твитер по средбата што ја имаше утрово со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Претседателот на Македонија престојува во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби во ЕУ и во НАТО.

Тој денеска се сретна со Вархеји како и со специјалниот претставник на ЕУ за западен Балкан, Мирослав Лајчак и со шефот на ЕУ дипломатијата. Јосеп Борел.

За попладне се предвидени средби со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли и со Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Слични содржини