378
Важна нишка на пријателството меѓу Македонија и Шведска е македонската дијаспора, вели претседателот Стево Пендаровски откако вечерва во Гетеборг се сретна со претставници на Македонскиот сојуз.
Според него, Македонскиот сојуз во Шведска е најширока асоцијација на македонските иселеници во Скандинавија.
-Преку своите активности го промовираат македонското културно наследство, јазик и традиција, како и за интеграцијата во шведското општество и социјално-културниот развој во рамките на друштвата и на клубовите, додал Пендаровски.
Македонскиот сојуз во Шведска е најголемата асоцијација на македонските иселеници во Скандинавија составена од 11 македонски друштва и клубови.