На граѓанската трибина во Охрид, претседателот Стево Пендаровски запрашан за тоа дали може ВМРО-ДПМНЕ да постигне подобар договор со Бугарија, рече дека не е можно тие да имаат магична формула, која никој друг во политиката не ја знае.
„Прво, немаат меѓународни пријатели, освен еден, да не го кажувам. Меѓутоа, тој не е демократ и нема да им помогне да влезат во ЕУ. Немаат поддршка од граѓаните, бидејќи не знаат граѓаните за што станува збор. Без ветер во грб од граѓаните и јаки меѓународни пријатели, не можеш ни еден договор да репреговараш и да го нарпавиш подобар“ рече Пендаровски.
Претседателот додаде дека исто така е смешно кога опозицијата најавува репреговарање на преговарачката рамка со ЕУ, бидејќи за да има нова рамка, таа мора да биде прифатена од сите 27 земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија.
„Кој да верува во тоа? Тоа нека кажуваат на деца и внуци пред спиење, мене со тие бајки не може да ме замајат“ рече Пендаровски.