Пендаровски во Атина го посети музејот Бенаки

од Nikola Popovski
302 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на официјалната посета на Хеленската Република денеска го посети музејот Бенаки.

При посетата на музејот Бенаки претседателот Пендаровски ја разгледа архивата на еден од најзначајните грчки и светски архитекти Константинос Доксијадис. Доксијадис учествувал во креирањето на основниот урбанистички план за реконструкција на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во музејот, претседателот Пендаровски имаше можност да види и стари фотографии од разурнатото Скопје кои Доксијадис ги направил во градот. Исто така, во музејот изложена е и благодарницата којашто градот Скопје му ја дал на Константинос Доксијадис за неговиот придонес во реновирањето на градот.

Со ова завршува официјалната посета на претседателот Стево Пендаровски на Хеленската Република којашто е прва посета на земјата на претседателско ниво од независноста на Северна Македонија досега.

Слични содржини