319
На покана на претседателот Зоран Милановиќ, од утре сум во посета на Република Хрватска, објави претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил.
В четврток, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.
-Во Загреб ќе се сретнам и со претседателите на Владата и на Парламентот, Андреј Пленковиќ и Гордан Јандроковиќ, додаде Пендаровски.
За време на официјалната посета, претседателот ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.