Пендаровски во посета на Ристо Донев – лице со церебрална парализа и интернационален мајстор во дописен шах

од Nikola Popovski
168 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети 60-годишниот Ристо Донев, лице со церебрална парализа, носител на титулата интернационален мајстор во дописен шах.

-Разговаравме за неговата 13 годишна институционална битка за докажување на правото за спортска пензија.бДржавата да најде начин да ги валоризира неговите исклучителни шаховски достигнувања, бидејќи како што вели: Јас не барам милост, туку правда, објави Пендаровски по средбата.

Претседателот му ги честитал на Ристо неговите исклучителни успеси коишто се поттик, позитивен пример и гордост за целата држава.

Во пресрет на судското рочиште за докажување на основите на неговото барање, претседателот ја нагласи нeопходноста надлежните институции, сериозно да ги разгледаат аргументите и посветено и одговорно да пристапат кон решавање на случајот на Ристо.