Пендаровски во работна посета на Белгија

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 23 мај 2023 година, ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе има аудиенција кај Кралот Филип и ќе оствари средби со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос

Во состав на официјалната делегација предводена од претседателот Пендаровски се министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Во рамки на работната посета на Белгија, претседателот ќе се обрати пред претставници на белгиски компании, пред кои ќе бидат презентирани економските потенцијали и инвестициските можности во Северна Македонија, во соработка со Стопанска комора Антверпен Васланд (VOKA), Агенцијата за извоз и странски инвестиции на Валонија (AWEX), Агенцијата за инвестиции и трговија на Фландрија (FIT) и Бриселската агенција за поддршка на бизнисот, ХАБ Брисел.

Слични содржини