Пендаровски: Војната во Украина долго ќе трае, очекувано е Путин да тргне на Одеса

од Берта Китинска
267 прегледи

Никој не предвидува дека за две-три недели ќе заврши војната. Таа ќе трае со поголем или помал интензитет. Деновиве Русија напаѓа 40 украински градови, вели претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг.

-Нивната намера е да го освојат Донбас, но не во овие граници што ние ги знаеме туку пошироко. Донбас е вон контрола на Киев 7-8 години, но ако сакате да го споите Донбас со Крим тоа нема да биде можно без Одеса. Оттука, очекувано е Путин да тргне на Одеса, но тоа ќе биде катастрофално, вели претседателот.
Тој посочи дека нашата земја се придружува кон сите пет пакети санкции против Русија.

-Ние сме подготвени да го поддржиме и шестиот пакет санкции чијашто содржина е веќе позната, вели Пендаровски.