Пендаровски: За Мицкоски не бев исчезнат кога се обидуваше да направи мнозинство

од Берта Китинска
281 прегледи

За него не бев исчезнат додека се обидуваше да направи парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Одеднаш, според него исчезнувам откога му пропадна обидот да направи мнозинство од 61 пратеник, рече претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска изјавите на  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски е исчезнат, јас не знам каде е освен што мене ме критикува по нарачка, изјави вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ,одговарајќи на новинарско прашање дали е за лидерска средба со оглед на последните случувања на политичката сцена.

„Лидерска средба секогаш може да се случи, но не гледам на која тема. Со кого сега да седнеме, со Пендаровски? Јас не знам, Стево Пендаровски е исчезнат. Го слушнавте ли, даде ли тој некој коментар за ова што се случува во Македонија. Јас не го гледам. Единствено мене што ме критикува одвреме-навреме, кога ќе добие нарачка од Зоран Заев, јас друго не сум го слушнал дека преземал за народот што го гласаше. затоа што енергетската криза подразбира и безбедносна криза, а тоа е негова ингеренција. Јас не сум го слушнал да излезе да побара да се обрати пред пратениците, да организира нешто“,изјави Мицкоски.