Пендаровски: За почетокот на руската агресија бевме информирани уште пред 4 месеци

од Nikola Popovski
268 прегледи

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски вели дека првичните сознанија, што како претседател ги добил за евентуалниот напад на Русија врз Украина, биле уште од 5-ти ноември 2021 година.

-Ова доаѓа од НАТО механизмите што ги имаме со нашето членство. Значи знаевме уште пред 4 месеци. Бевме информирани дека уште тогаш Русија планира инвазија. Беа точно погодени и местата од каде што ќе гранатира Русија, баш од овие три до четири магистрални правци. Единствено промашување во информациите беа само за 3 дена околу точниот почеток на рускиот напад. Ова се огромните бенефити од членството во НАТО да знаете вакви информации, рече Пендаровски.

Претседателот додава дека одредени крупни разузнавачки сервиси не верувале во ваквите информации.

-Влеговме во сојуз со држави кои се најдобри во светот, додаде Пендаровски.