За одговорност за пожарот во Тетово треба да се почека исходот од истрагата, вели претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата „360 степени“.
Според него, тоа значи еден тип на одговорност, а тоа е кривично-правната.
-Ако ме прашувате лично, кога не дај боже би бил јас конкретно во таква ситуација, тие што ме познаваат го знаат мојот одговор. Не би чекал ни секунда и би поднел оставка од морални причини, истакна Пендаровски.