Пендаровски за продолжување на вонредната состојба: Постојат некои кредитни аранжмани кои треба да ги земе државата

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски во гостувањето на ТВ 24 за новото продолжување на вонредната состојба вели дека тоа се направило поради одредени кредитини аранжмани на државата, а поконкретно за кредитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 165 милиони евра.

– Владата бараше 30 дена а многу наши граѓани бараа да нема воопшто продолжување на вонредната состојба. Дозволив затоа што има неколку сетови на мерки кои се битни за да можеме да го одржиме континуитетот кој што го имаме. Досега државата релативно добро се справува со пандемијата. На СБ бројките ги презентираше шефот на Комисијата за заразни болести, д-р Караџовски и по сите параметри кривата оди надолу. Далеку сме од тоа, како и во светот да прогласиме победа над пандемијата, но факт е дека трендовите се надолни. Ако е така, не можете да ја продолжите повторно за 30 дена вонредната состојба. Зошто нешто дадовме? Постојат некои кредитни аранжмани кои треба да ги земе државата, ЕБОР се очекува да потпише со нас кредит од околу 165 милиони евра и тоа треба да се случи до крајот на овој месец, мора да имате функционална институција која ќе го верификува, вели Пендаровски.

Слични содржини