Пендаровски: Заедно, во нови победи!

од Берта Китинска
221 прегледи

На трибините во СЦ „Јане Сандански“ вчера поддршка на нашите ракометари и даде и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој ја бодреше селекцијата на патот кон нов Мундијал.

-Одиме на Светско! Македонскиот ракомет повторно меѓу најдобрите во светот благодарејќи на нашите ракометари, на нивната посветеност, пожртвуваност, борбеност, но и на навивачите со кои создадовте нераскинлива врска. Заедно, во нови победи!, напиша Пендаровски.