Пендаровски, Заев упатија честитки за членството во НАТО

од Берта Китинска
205 прегледи

Во присуство на високи гости и политички претставници од земјава, знамето на НАТО се постави на јарболот пред македонското Собрание.

Фото: Борче Поповски

На овој свечен чин претходеше ратификацијата на Протоколот за НАТО, која беше изгласана со 114 гласа за од 116 присутни пратеници.

На гласањето претходеа говори од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, претставници од парламентарните групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери. По гласањето, се обрати в.д. претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Атила Местерхази.

По повод членството во НАТО, свои честитки упатија и преседателот Стево Пендаровски, поранешниот премиер Зоран Заев, Радмила Шекеринска и в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази.

Членството во #НАТО немаше да биде возможно без длабоките политички промени кои се случија во изминативе години во нашата држава. Новата политика кон соседите и цврстата заложба за решавање на споровите заради градење на добрососедски односи се темелот на нашиот успех во остварувањето на стратешките цели, напиша на својот Фејсбук профил преседателот Стево Пендаровски.

https://www.facebook.com/SPendarovski/photos/a.807410552605745/3268147556532020/?type=3&theater

Воедно и поранешниот премиер Зоран Заев излезе со своја честитка на Фесјбук:

Народе мој, успеавме! Конечно стануваме дел од НАТО! По години патешествија, блокади, режим, стагнација и изолација. Им благодарам на сите пратеници од пратеничката група на СДСМ, на сите пратеници од другите партии кои беа свесни за историската одговорност која ја имаат, за храброста да носат одлуки кои ја менуваат иднината. Нашето место е во ЕУ и НАТО.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10158286102727932/?type=3&theater

Успеавме! Собранието го ратикуваше протколот за членство во НАТО! Северна Македонија има загарантирана безбедност, сигурна иднина и следи брз економски развој!Упати  честитка и Радмила Шекеринска .

https://www.facebook.com/sekerinska/photos/a.10150171732745163/10156564513330163/?type=3&theater

Го заслуживте вашето место со определбата и активната посветеност на постигнувањето на евроатланската безбедност. Покажавте дека вашата земја е подготвена и спремна да ги прифати обврските на сојузникот НАТО, истакна в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази, по изгласувањето на Законот за Ратификација на Северноатланскиот совет.

-Нашето Собрание беше шампион на отворена врата на НАТО, кое дозволи и ја даде својата полна поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата. Едниот соработник се уште треба да ја помине ратификацијата, но ние ја почитуваме независната одлука на самостојниот парламент, но денеска ние гласаме иако имаме уште еден чекор да се заврши пристапот, рече Местерхази.

Според претставникот на НАТО, патот на земјата кон НАТО не бил секогаш лесен.

-Ни требаше големо трпение и политичка храброст за да се надминат историските разлики со вашиот сосед. Меѓутоа сите напори се исплатеа. Вие навистина го заслуживте вашето место со вашата определба и активна посветеност на постигнувањето на евроатланската безбедност. Вие веќе покажавте дека вашата земја е подготвена и спремна да ги прифати обврските на сојузникот НАТО, рече Местерхази.

Како членка на НАТО, додаде тој, вашата безбедност ќе биде и наша безбедност.

– Вашите 29 пријатели и соработници ќе ви помогнат да ви се обезбеди и да одговорат на вашите барања независно од тоа што се бара. Оваа поврзаност и оваа Алијанса кон која се приближувате е единствена, не е само военополитичка организација туку тоа е исто така Алијанса на демократија која што им служи на добросостојбата на граѓаните и на безбедноста, рече в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази.

Нашата порака, според него, ќе испрати една многу важна порака во регионот.

Местерхази беше официјален претставник на НАТО на свечената собраниска седница по повод Ратификацијата на протоколот за НАТО, по која и официјално знамето на НАТО беше ставено на јарболот пред собраниската зграда. Законот за ратификација е со одложено дејство, бидејќи протоколот за НАТО треба да го ратификува уште Шпанија, по што се очекува Северна Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше иницијатор на предвремена ратификација на протоколот за членство во НАТО на Македонија, рече Никола Мицевски ,координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по повод ратификација на протоколот за членство на Република Македонија во НАТО

Тој нагласи дека првата Декларација за влез на државата во НАТО Алијансата е поднесена далечната 1993 година токму од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието во тој период.

„Најпрво би се насочил кон причините зошто ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја инициравме оваа предвремена ратификација на протоколот за членство во НАТО.

Македонската јавност знае и е добро запознаена дека Македонија го има заслужено своето членство во НАТО уште во 2008 година.