Пендаровски: Загрозувањето на безбедноста на медиумските работници е загрозување на медиумските слободи

од Берта Китинска
260 прегледи

Пандемиските години и војната во Украина ни покажаа колку е важна работата на медиумите за добивање на навремени, проверени и непристрасни информации, во време кога се соочуваме со океан од дезинформации кои ѝ штетат на секоја демократија, вели претседателот Стево Пендаровски по повод 3 мај Меѓународниот ден на слободата на медиумите го организираа завршниот настан под мотото „Безбедни новинари и медиумски работници за квалитетно новинарство во Македонија“.

-Заплашувањето, физичките напади, уцени, вознемирување на интернет, родово базиран вознемирувачки говор, дискриминација и други форми на притисок им оневозможуваат на медиумските работници да ја работат слободно својата работа. Загрозувањето на безбедноста на медиумските работници е загрозување на медиумските слободи. Без слободни медиуми не е возможен развој на отворени општества и либерална демократија, вели Пендаровски.