Пенов: Барањето на Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ е обид за ловење политички поени

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов смета дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ претставува обид за ловење политички поени и апелираше да се внимава со таквите изјави.

„Изградивме концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани и на сите националности. Јас го разбирам моментот дека сега некој сака да лови политички поени, меѓутоа треба да се внимава со таквите изјави. Таквите барања можат да влијаат на меѓучовечките односи, кои за среќа се многу постабилни денес и претпоставувам дека граѓаните нема да се поведуваат по такви барања за декомпонирање на државата“, рече Пенов.

Слични содржини