Пенов: Македонија ќе има друга слика и друг развој со Коридорите 8 и 10Д

од Nikola Popovski
433 прегледи

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов денеска го коментираше договорот со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка за изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Според него,  ова е огромна шанса за сите нас.

-Се работи за инвестициски проект кој во обем досега не е изведен во независна Македонија. Се работи за проект кој ќе го изведува американска компанија. Корупција може да има во секој сегмент, но гаранција за корупцијата е Бехтел. Се сеќавате дека најголемиот корупциски скандал е Дојче Телеком, само затоа што таа германска фирма е на американската берза, нејзината конкуренти ја пријавиле дека прави нешто коруптивно. Замислете Бехтел која е подложна на тамошните процедури. Ние сега како граѓани не го гледаме бенефитот кој успеа на Балканот. Косово има два автопати со нив, Албанија, Хрватска, сега Вучиќ пушта дел од автопати со нив. Секаде се успешни тие, рече Пенов во емисијата „Утрински печат“.

Пенов истакнува дека атмосферата во земјава е дека се прави се за да се оневозможи проектот.

-Каков бенефит се добива? Тука уфрламе атрактивни елементи како работното време, ќе имало експлоатација, а како оваа фирма работела во Србија и Хрватска? Како се градени автопатиштата во Германија и Норвешка?, рече министерот за локална самоуправа и додаде:

-Со Коридорите 8 и 10Д, Македонија ќе има друга слика и друг развој. Бехтел е обврзан со 100 милиони евра да троши во Македонија. Тоа е еден посто раст.

Слични содржини