Пенов: Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Министерот за локална самоуправа вели дека Владата има механизам за запирање на блокадата на главниот град од приватните превозници на јавен превоз.

Тој во гостувањето во Дневникот на Сител појасни дека автобусите може насилно да бидат тргнати од улиците, но засега само се следи ситуацијата.

-Еве, да се исцрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и долгот од 1 милион кон приватните превозници. Веќе имаме раскинување на нивниот договор. Тие и да го добијат долгот се исклучени од натамошна работа и не верувам дека со исплата на долгот ќе престане протестот, рече Пенов.

Според него, јавниот превоз со главниот град не смеел да престане.

Слични содржини