Пенс ќе ја реафирмира американската посветеност кон Западен Балкан, вели амбасадорот Бејли

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Премиерот Заев е кодомаќин, заедно со премиерот на Црна Гора, Душко Маровиќ, на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, кој утре започнува во Подгорица.

Американскиот амбасадор Џес Бејли вели дека потпретседателот Мајк Пенс ќе ја реафирмира американската посветеност кон регионот на Западен Балкан.

Тој во интервју за Телма зборува за очекувањата од средбите во Подгорица, каде утре ќе се одржи состанок на земјите од Јадранската група.

Американскиот потпретседател, во Подгорица ќе се сретне со лидерите од регионот меѓу кои и со македонскиот премиер Зоран Заев.