Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс сведочеше пред федералната голема порота како дел од истрагата за тоа дали поранешниот претседател Доналд Трамп се обидел да ја поништи неговата загуба на изборите во ноември 2020 година од Џозеф Бајден, но и дали имал удел во поттикнувањето насилство во Капитол на 6 јануари, кога беа убиени пет лица.
Според лондонски „Индепендент“, повикувајќи се на повеќе извори, Пенс поминал седум часа пред големата порота и одговарал на прашањата на специјалниот обвинител Џек Смит.
Од Пенс се барало да зборува под заклетва за неговите разговори со Трамп пред 6 јануари 2021 година.