Пентагон не може да потврди дека е употребено хемиско оружје во Мариупол

од Vladimir Zorba

Пентагон накратко објави можен напад со хемиско оружје во Мариупол со многу кратка порака во која се наведува „дека не може да потврдат дека е употребено хемиско оружје“.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби потврди дека се свесни оти на социјалните мрежи кружат информации дека Русија употребила хемиско оружје за време на нападот во Мариупол, но јасно стави до знаење дека тоа во моментов не може да се потврди и дека Пентагон „ја следи ситуацијата тесно”:

„Оваа информација, доколку е вистинита, е длабоко вознемирувачка и ја потврдува загриженоста што ја изразивме за потенцијалната употреба на оружје за задржување маси, како солзавец, во комбинација со хемиски агенси“, рече Кирби.

Се огласи и британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, велејќи дека Британија „работа со своите партнери“ за да открие дали навистина било употребено хемиско оружје во Мариупол:

– Секоја употреба на такво оружје би била сериозна ескалација на конфликтот за кој Путин и неговиот режим би морале да одговораат.

Слични содржини