Дејствата на Русија претставуваат најголем безбедносен предизвик за САД во краток рок .

Ова го изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер на конференцијата во Вашингтон за развојот на Воздушните сили на земјата, јави ТАСС.

“Додека вооружените сили на САД во моментов ги концентрираат своите операции на Блискиот исток , нашите стратешки ривали активно ги модернизираат своите армии, ги зајакнуваат своите сили и го прошируваат своето влијание. Русија останува најголемиот најголем безбедносен предизвик во блиска иднина “, рече министерот.  Тој  ја обвинува Москва дека се обидува „еднострано да ги менува државните граници“.

За Вашингтон, Кина е „ најголемата закана на долг рок“, истакна министерот за одбрана,Еспер и додаде дека Пекинг бара „економска моќ и обезбедува воено присуство ширум светот“.