Со априлската пензија , пензионерите ќе го добијат второто зголемување на пензиите за 1.000 – сума која линеарно ќе ја добијат сите корисници на пензија. Според последните достапни податоци од државниот Фонд за пензиско осигурување, на крајот од ноември, лани во земјава биле регистрирани 346.202 пензионери. За овој број на пензионери, порастот на пензијата за 1.000 денари ќе ја зголеми месечната сума за исплата на пензии за околу 5,6 милиони евра.
Пресметката на „Локално“ покажува дека од април до крајот на оваа календарска година, или за девест месеци, само за линерниот пораст на пензиите ќе се потрошат повеќе од 51.000.000 евра. Но годинава , во септември следува уште една „корекција“ на пензиите која според сегашните најави – треба да биде според законското усогласување во однос на инфлацијата и просечната плата, што дполнително ќе ја зголеми сумата од 51 милион евра.
Годинава во однос на лани, вкупниот “буџет“ за редовна исплата на пензии е зголемен за 10,7 %. Порастот на трошоците е по два основи , линерно зголемување на пензиите и она што доаѓа во септевмри и пораст на бројот на пензионери. „Локално“ веќе објави дел од буџетскиот планови на ПИОМ според кои следната година иако се очекува пораст на приходите од наплата на придонеси, зависноста од Централниот Буџет се зголемува, односно државните трансфери имаат удел од скоро 41% % во вкупните приходи на ПИОМ. Од Владата „пресекоа“ дека априлската пензија ќе се зголеми линеарно со образложение дека на ваков начин се штити стандардот на пензионерите. Целата на Владата била секоја пензија да се зголеми за вкупна сума од 7.000 денари, по што ќе се врати стариот модел на законско усогласување на пензиите.
Најновите статистики покажуваат дека само 7,56% од пензионерите имаат пензија пониска од 19.228 денари, најголем број или 35,95% земаат пензија во висина од 19.228 до 22.945 денари, од 22.945 до 28.500 денари изнесува пензијата на 22,89% од пензионерите а од 28 501 до 45 276 денари примаат 27,22% од корисниците на пензија. Само 5,41% од пензионерите имаат пензија од 45.277 до 63.517 денари додека 0,99% имаа пензија повисока од 63.518 денари.
Линерниот пораст на пензиите започна во 2024 та, по промената на власта во државата. Во првата фаза пензиите се зголемија по 2 500 денари во два наврати, следуваа повторно законски измени со кои се отвори “патот“ за уште една “линерка“ од по 1000 денари, во октомври лани и онаа што следува во април годинава. Последните законски измени веќе се пред уставните судии кои ја прифатија Инцијативата да одлучуваат за уставноста на линерниот пораст, но одлука сеуште нема. Освен „социјална“ овој модел има и „економска“ димензија. Дел од аналитичарите веќе оценија дека „линеарка“ притиска на инфлацијата.
„ДА, постои проинфлациски ефект, иако тој не е единствен ниту доминантен фактор. Пензионерите се голема група потрошувачи и секое значајно зголемување на нивниот доход веднаш се прелева во побарувачката за храна, лекови и услуги. Тоа на краток рок ја зголемува потрошувачката и врши притисок врз цените. Европската Комисија токму тоа го нотираше – дека динамиката на платите и пензиите кај нас често го надминува продуктивниот потенцијал на економијата. И кога таквото зголемување не е проследено со фискална компензација во други расходи, се создава и дополнителна тензија врз буџетот“ – изјави професорот Синиша Наумовски во интервју за „Бизнис-инфо“.
Начинот на кој се зголемуваат пензиите беше нотиран и во последниот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија каде се укажа дека порастот на пензиите и на платите влијае врз инфлацијата. Пресметката на ПИОМ покажува дека просечната пензија во 2026-та ќе изнесува 447 евра а бројот на пензионери годинава ќе се зголеми за 1% и ќе достигне 351-676. Вкупниот буџет за исплата на пензии годинава ќе „тежи“ 1.900.000.000 евра.
Д.А.