Пензионер допирал малолетничка во автобус, полицијата го уапси

од Nikola Popovski
244 прегледи

Приведен е повозрасен скопјанец кој во автобус на ЈСП допирал малолетничка по телото, соопштија од полицијата.

Од МВР информираат дека против него ќе биде поднесена пријава.

-На 30.05.2023 во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Т.(79) од Скопје затоа што претходно во градски автобус допирал по телото малолетничка од Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од полицијата.

Слични содржини