Пензионер фатен дома со цел арсенал оружје

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: МВР

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од с.Древено, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми, автоматска пушка ,,АК-47‘‘, митралези и други негови верзии.