Пензионер дошол на избирачкото место со намера да го запали.

Ваков инцидент имало денеска на парламентарните избори во Австралија.
Пензионерот на возраст од 77 години бил психички болен, а на гласачкото место во Хартберг дошол со канистер со гориво.
Горивото го истурил пред избирачкото место, но минувачите го спречиле да го запали објектот.
Полицијата го уапсила пензионерот, по што е повикан лекар да го прегледа, а според полицијата мотив за палење на избирачкото место е неговото незадоволство со политичката ситуација во државата.