289
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имал разговор со играчот за врска на Реал Мадрид, Иско за евентуален трансфер на „Етихад“, соопштува El Chiringuito.
Според изданието, двајцата се сретнале на тајна средба и тактичарот му ветил место во стартниот состав на 25-годишниот фудбалер, кој пред неколку дена забележа „хет-трик“ за Шпанија при победата со 6: 1 над Аргентина.
По контролниот меч, Иско јавно изјави дека не е задоволен од ситуацијата во Реал, бидејќи не може да се избори за постојано место во стартниот состав, иако игра одлично.
Во оваа сезона шпанскиот репрезентативец има 7 гола во 40 натпревари за Реал во сите натпреварувања. Интерес кон Иско пројавуваат уште Ливерпул, Арсенал и Јувентус.