Перез му го даде бројот на Бејл на Чуамени

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Неколку дена по заминувањето на Герет Бејл, неговиот број 18 е веќе на грбот на новото засилување од Франција – Орелијан Чуамени. Младиот играч за врска на Реал Мадрид го доби дресот со предметниот број лично од претседателот Флорентино Перез при денешното официјално претставување со белиот дрес.

Во претходните сезони №18 беше на грбот на Лука Јовиќ, Раул Албиол, Маркос Љоренте, Лукас Васкез, Џонатан Вудгејт и други.

Чуамени пристигнува од Монако за најмалку 80 милиони евра, а доколку се активираат сите клаузули, сумата ќе достигне 100 милиони.

Бејл го напушти „Бернабеу“ како слободен играч.

Слични содржини