Дел од градинките започнаа со работа на 9 септември, друга пак поради реновирање го одложија отворањето за в понеделник односно 14 септември.
–Откако ни беше соопштено дека градинката ќе почне со работа на 14 септември. Ме збуни приемното време за групата на моето дете кое ќе биде од 8:30 до 8:50. Прашав дали оваа време ќе важи само неколку дена заради адаптацијата по 6 месечната пауза, но од градинката добив одговoр дека тоа време ќе мора да биде запазено секојдневно, за да не дојде до мешање и гужви пред влезот градинката.Јас и мојот сопруг одиме на работа од 8:00 часот. Доколку ова не се промени, ќе треба да дадам отказ – вели Ана Василева, родител на тригодишно дете.
Вчера во градинка во Битола беше регистриран првиот случај на негувателка.
Пет деца, три воспитувачки и две други негувателки се ставени во домашна изолација од 14 дена, соопштија вчера од Центарот за јавно здравје.Тие додаваат дека случајот е регистриран само три дена по започнување со работа на градинките.Денеска од Министерството за здравство информираа дека во Битола се регистрирани четири новозаразени лица, а три лица се оздравени.