335
Ние упорно кажуваме дека нема можности за зголемување на минималната плата. Ако за една држава, решението е да се затворат индустриски гранки, тогаш во ред, вели Маријана Перковска од текстилниот бизнис, во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според неа, во моментов нема невработен текстилен работник, затоа што секогаш се бара работник плус.
-Воопшто не е таква ситуацијата како што Синдикатите сакаат да ја прикажат. Не е точно дека лошо се платени во текстилната индустрија. Отпуштањата не се поради тоа што платите се ниски, туку затоа што не може да се исплати тоа што се наложува. Нас 70% од текстилот ни оди за германски пазари. Моментално тешко оди. Се намалуваат нарачките од надвор, информира Перковска.