278
Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил автомобил “ауди”, соопшти СВР Куманово.
-Во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населба Карпош, патничко моторно возило “ауди”, управувано од Н.Т.(22) од село Добрача, Старо Нагоричане, удрило во пешакот З.Ѓ.(59) од Куманово. Во незгодата пешакот З.Ѓ. починал на самото место, соопшти полицијата.