Пешев: Владата ќе внимава ценовниот шок да не удри по потрошувачката на семејствата

од Nikola Popovski
428 прегледи

Големите економски пореметувања во светот се со последователните шокови. Ковид-кризата ги покажа последиците на промените на процесот, каде ќе се најде енергетскиот сектор, вели Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора во утринската програма на ТВ Телма.

Според него, значаен дел од компаниите во изминатите недели добиле писма од снабдувачите кои бараат договори со повисока цена на електричната енергија.

-Знаеме дека владата ќе внимава ценовниот шок да не удри по потрошувачката на семејствата. Дијалогот со нив треба да одлучи на кое ниво треба да се помогне, за да не дојде тешки последици по економијата во земјава, рече Пешев и посочи дека средбата со владините претставници треба да се случи во наредните денови.

Слични содржини