Пешевски: Писмената согласност за прекувремена работа на изградба на коридорите 8 и 10д е неуставна

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Каква било согласност или изјава од страна на работникот за прекувремена работа, поврзана со проектот за изградба на коридорите 8 и 10д е неуставна и затоа ќе биде успорена пред Уставниот суд, потенцираше претседателот на Синдикатот за градежништво Иван Пешевски.

Тој во интервјуто за „Радио Слободна Европа“ вели дека Сојузот на синдикати ќе ја оспори писмената согласност со која градежните работници доброволно би прифатиле да работат повеќе од 40 часа неделно.

Како што појаснува, согласноста која ја кажува министерката за труд и социјална политика сама по себе е неуставна.

„Вие како работник не можете да се согласите да работите толку дури и ако сакате. Значи, нема цена што може вас да ве плати да работите по 72 часа неделно со било каква согласност сама по себе. Таа е неуставна и повторно ние ќе ги оспоруваме тие согласности, изјави или што и да потпишат работниците. Невозможно е повеќе од 50 часа неделно да се работи во секторот градежништво бидејќи она што го гледавме во минатото, тоа се повредени работници, паднати работници од скелиња, загинати на самите автопатишта. Тоа се, повторно ќе кажам, работни места со висок степен на ризик каде што луѓето се изнемоштени и за осум часа, а не пак за прекувремени часови“, потенцира Пешевски.

Претходно министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, наведе дека работниците кои ќе работат на изградбата на автопатите ќе потпишуваат работни договори според кои сами ќе одлучуваат дали ќе работат дополнителни часови кои ќе им бидат платени.

Слични содржини