37
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, денеска изјави дека поразот од САД не ја менува ситуацијата за неговиот тим, и дека знае што да очекува од противникот.
Србија денеска во првото коло од групата Ц на Олимписките игри во Париз беше поразена од селекцијата на САД со резултат 110:84.
„Очекувавме ваков натпревар и не доживеавме ништо ново. Голема е разликата кога играат против нас, очигледно имаат дополнителна мотивација. Не зборувавме многу за одбраната, од таму почнува се и тоа е основата. Не само во подготвителниот дел, ние се концентриравме на нападот, знаевме дека ќе ни направат притисок врз организацијата на играта “, изјави Пешиќ за новинарите.