11
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека активностите за организирање контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе започнат кога Трамп официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД.
Песков за новинарите изјави дека Москва ја поздравува желбата на Трамп да се вклучи во дијалог со рускиот претседател, но дека се уште нема конкретни планови за средба.
„Тргнуваме од взаемна подготвеност за средбата, но очигледно, откако господинот Трамп ќе влезе во Овалната соба, веќе ќе има одреден напредок“, изјави прес-секретарот на рускиот лидер.